Пукна од смеење на ТВ, сега и се насмевнува отказ: Руска водителка не издржа читајќи ја веста за висината на социјалната помош! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Водителка на руска државна телевизија стана хит на социјалните мрежи по снимката на која не можела да се задржи од смеење читајќи вест за владиното зголемување на социјалната помош.

Александра Новикова од вестите Камчатка не можела да се воздржи додека го читала извештајот за зголемување на помошта за лицата со инвалидитет, воените ветерани, жртвите од радијација и другите со раст со кој една категорија на социјална помош би била 1.500 рубљи (22 евра) од кои 900 може да се искористат на лекови, 137 за бања и остатокот (363 рубљи или 5,26 евра) за „меѓународен“ превоз до тие лекувалишта, пренесува Радио Слободна Европа.

Бидејќи поголемиот дел на вестите ги прочитала со мирен тон, Новикова се „изгибила“ кога ги споменала трошоците за меѓународен превоз, од серце смеејќи се повеќе од една минута.

„Се обидов, слушнавте“, вели во еден момент правдајќи се, а подоцна додавајќи: „Добро е што не е во живо“.

Снимката не е емитувана на ТВ или интернет, а сепак привлекла големо внимание на социјалните медиуми кога ја објавил порталот Инфо24.

Слични содржини