Пукна огромниот берлински аквариум во кој се наоѓаа 1.500 егзотични риби, се излеаја милион литри вода

од Stefanija Kuzmanovska

Огромен аквариум во центарот на Берлин, во кој имало околу 1.500 егзотични риби, пукнал рано утринава, предизвикувајќи голема штета на комплексот каде покрај аквариумот има и хотел, кафулиња и продавници, соопшти полицијата.

Стакло и други остатоци излетале од комплексот заедно со милион литри вода од аквариумот висок 25 метри нешто пред шест часот утринава.

Портпаролот на полицијата изјави дека најмалку едно лице е полесно повредено.

Се шпекулира дека до несреќата дошло поради температурите под нулата, но полицијата навела дека се уште се истражува причината за инцидентот.

Управата наведува дека тоа бил најголемиот цилиндричен аквариум во светот и дека имал 1.500 тропски риби од 80 различни видови. Аквариумот, кој последен пат беше модернизиран во 2020 година, беше главна туристичка атракција во Берлин

Десетминутното возење со лифт низ аквариумот беше една од главните атракции.

Слични содржини