Путин и Ердоган на средба во Техеран

од Берта Китинска

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган денеска на средба во Техеран ќе разговараат за извозот на жито од Украина, изјави советникот на Путин.

„Во Техеран ќе се одржи состанок на лидерите на државите кои служат гаранти за мировниот процес во Астана“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, наведувајќи дека претседатлите ќе се одржат и билатерални средби.

Политичкото решение во Сирија го иницираа Русија, Турција и Иран, трите земји кои исто така дејствуваа како гаранти на сирискиот мировен процес, со вклучени владини претставници од Дамаск и членови на сириската опозиција. Првите преговори се одржаа во Астана, тогашниот главен град на Казахстан, во јануари 2017 година.

Слични содржини