Едно од најпопуларните политички списанија во Германија “Шпигел” го исцртува рускиот претседател Владимир Путин како копија на Трамп на последната корица.
Во очигледен обид да се истакнат врските меѓу Трамп и Русија, неделното издание објавува на насловната портрет фотографија на рускиот лидер, фотошопиран сосема како Трамп – од косата и веѓите до препознатливиот костум на милијардерот.
Ова не е прв пат, во кој “Шпигел” демонстрира опозициски ставови спрема Трамп. И минатиот месец Трамп беше на насловната на весникот. Тогаш американскиот претседател беше прикажан како држи повторно во едната рака окрвавен нож, а во другата – отсечена главата на Статуата на Слободата, додека на страната е испишана познатата фраза на Трамп “America First” ( “Америка е прва”).