Путин ќе се сретне со Ердоган во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција во средината на февруари, што ќе биде негова прва посета на земја на НАТО од почетокот на руската воена интервенција во Украина пред две години. После тоа, Москва беше погодена од санкции од земјите од воената алијанса, со исклучок на Анкара, која „игра на две карти“ – и Киев и Москва.

„Украинското прашање ќе биде една од главните теми на разговорот меѓу претседателите на двете земји“, соопшти Анкара, без да даде повеќе детали.

Овој состанок потврдува дека Ердоган е „единствениот дипломатски мост на НАТО“ меѓу Русија и воената алијанса од избувнувањето на конфликтот во Украина и дека се обидува да ги убеди претседателите Путин и Зеленски да ги „закопаат секирите“ и да седнат на преговарачка маса.

„Во праведен мир нема губитници, во војна нема победници. И покрај разликите во ставовите, нашата искрена желба е двете земји конечно да започнат мировни преговори“, рече Ердоган.

Слични содржини