Путин насочува лажни вести во интерес на руската пропаганда на Балканот

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Ова е еден вид хибридна војна како што е во Украина, но тука нема воена акција. Рускиот новинар истакнува дека Владимир Путин живее со идејата дека сме сѐ уште во ерата на Студената војна и дека балканските земји се гледаат како пиони во “играта” меѓу Русија и САД.Главниот уредник на  “Инсајдер” Роман Доброхотов, кој доби на Светскиот форум за демократија во Стразбур наградата за иновации во демократскиот процес, изјави за македонската онлајн издание MKD.mk. дека инструментите на Кремљ за руска пропаганда вклучуваат   лажните вести на ” Раша Тудеј “и” Спутник “.

Инсајдер “пишува за актуелната политичка, економска и социјална ситуација во Русија и ги разобличува лажните вести во руски медиуми, за да можат читателите да прават разлика помеѓу веродостојни информации и пропагандата.

Доброхотов вели дека Кремљ се обидува да врши притисок врз земјите во кои смета дека може да има влијание: тоа се земјите од Источна Европа, Балканот и Централна Азија.
Според новинарот, Кремљ верува дека на Балканот постои “мека сила”, што значи дека може да врши политички притисок против проширувањето на НАТО и поради економските заложби.
Кога Русија е политички заинтересирана за некои земји, тоа исто така врши притисок ширејќи лажни  информациите. Така  да поради тоа има толку многу текстови, мислења и тролови за балканските држави. Ова е во комбинација со руската контрола врз невладините организации или други движења.

Ова е еден вид хибридна војна како што е во Украина, но тука нема воена акција. Рускиот новинар истакнува дека Владимир Путин живее со идејата дека сме сѐ уште во ерата на Студената војна и дека балканските земји се гледаат како пиони во “играта” меѓу Русија и САД. Ова, се разбира, сега е ирелевантно затоа што живееме во сосема поинаков свет каде што Европа е
обединета и нејзините граници со Русија се поограничени. Тоа е поинаков свет и студената војнаникогаш нема да се врати, убеден е Доброхотов.
Тој истакнува дека лажните вести се дел од алатките  на Кремљ. Други алатки се НВО, локални медиуми, кои понекогаш се лажни, како што он лајн весници, списанија, всушност од Кремљ кои немаат уреднички тим и се буквално измислени.
Ова вклучува дипломатија, во која е и портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова. Но сето ова се покажува како контрапродуктивно. Бидејќи луѓето слушаат изјави од руската МНР и гледаат дека Русија се обидува да биде силна и посилна, а тоа не помага да се интегрираат малите земји под влијание на Русија. Напротив, тие гледаат дека Русија не е добра алтернатива за Западот и интеграција.

Бечев: Москва проблематизира користејќи ја слабоста на Западот, но Македонија не и е приоритет!

Сè е под контрола на претседателската администрација, вели Доброхотов. Путин директно ја контролира администрацијата.

И како тоа функционира?

Постојат тролови во сопственост на шефот на канцеларијата на Путин, кој е бизнисмен. Постојат и тролови под директна контрола на администрацијата на Кремљ. Тука работи и Константин Малофуев, кој е многу активен во Источна
Европа и на Балканот, обидувајќи се финансиски да поддржи некои движења, некои невладини организации, весници итн., Објаснува рускиот новинар.