Путин не планира компромис со Бугарија и Полска

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да се сретне со лидерите на Бугарија и Полска, земји на кои Москва им ја прекина испораката на гас. Ова го соопшти прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС. Тој, исто така, не ја исклучи можноста другите земји да бидат лишени од рускиот гас доколку не го платат во рубљи.

Како што се наближува крајниот рок за плаќање (за гас), доколку некои потрошувачи одбијат да платат според новиот систем, тогаш претседателскиот декрет (на Владимир Путин), се разбира, ќе биде имплементиран“, изјави портпаролот на Кремљ за новинарите, забележувајќи дека не може да посочи колку земји веќе се согласија да се префрлат на новата шема за плаќање гас.

Тој нагласи дека основата за продолжување на испораките на гас за Полска и Бугарија е да се платат договорите во „вистинската форма“.

На 31 март, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се утврдува нова процедура за плаќање на испораките на руски гас од непријателските земји од 1-ви април.

„Газпром“ на 27 април објави дека целосно го прекина снабдувањето со гас на бугарската компанија „Булгаргаз“ и полската „ПГНиГ“ поради неплаќање навреме во рубљи, потсетува ТАСС.

Слични содржини