ПУТИН ТРГНУВА НА МОЛДАВИЈА? Започна преместување на трупи (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Молдавија се подготвува за „целосниот спектар на закани“, изјави денеска министерот за надворешни работи Нико Попеску.

Тој го нагласи ова поради стравувањата дека Русија би можела да ги интензивира напорите за дестабилизација на земјата.

Попеску рече дека Кишињев е подготвен за такво нешто, делумно благодарение на поддршката од меѓународните партнери, пренесе Ројтерс.

– Нашите институции имаат планирано одговори на целиот спектар на закани, иако се разбира дека имаме ограничени ресурси, но во исто време не сме сами во тоа – рече тој.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека почнале да распоредуваат сили на границата со Молдавија за да ја заштитат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првата цел на Путин е да го освои меѓународното пристаниште во Кишињев.

Слични содржини