268
Популарниот фудбалски агент Мино Раjола итно бил примен во болница во Милано и утрово бил опериран, пренесе „Газета Дело Спорт“.
Сепак, се уште не се знае кои се точно здравствените проблеми на 54-годишниот менаџер.
Тој е познат како агент со кој е тешко да се преговара, а исто така и како личност која сака големи провизии.
Негови клиенти се играчи како Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Пол Погба и Џанлуиџи Донарума.
Според објава на „Форбс“ од 2020 година, Рајола заработил повеќе од 84 милиони долари од својата работа.