Ракот на дојка во 99 случаи ги погодува жените, но откако истата дијагноза ја има и таткото на Бијонсе, се чини дека светот полека се освести дека ниту мажите не се поштедени од ова заболување.
Овој вид на рак е исклучително редок кај мажите, но не и целосно исклучен. Метју Ноулс првпат се посомневал дека можеби е болен кога на облеката забележувал траги од крв токму во делот на градите. Кога отишол на лекар, дијагнозата била потврдена.
Тој својата болест ја откри на почетокот на октомври, кој е и познат како месец на борбата против ракот на дојката. Постојат четири симптоми кои се типични токму за „машкиот“ тип на овој рак, кои кај жените се ретки или пак, воопшто ги немаат.
Јазли во дојката
Грутките кај мажите се полесно видливи отколку кај жените, па затоа е и можно навремено рано дијагностицирање. Тие може да се појават и кај пазувите, а алармантно е ако од нив истекува крвава содржина. Други симптоми се вовлечена брадавица или осип кој чеша и иритира.
За да дознаете кои се останатите симптоми, проверете ТУКА.