Ракометарот Тот ќе биде погребан утре во родното Ѓаково

од Берта Китинска

Хрватскиот ракометар Денис Тот (28) кој почина на 8-ми април во Скопје како последица на претепување и удари кои ги добил при ноќно излегување, ќе биде погребан утре.

Според објавениот некролог од ожалостеното семејство, Денис ќе биде погребан утре на градските гробишта во родното Ѓаково, а погребот е закажан во 15 часот.

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот почина во болница, откако беше нападнат од три лица пред дискотека во скопскиот Градски парк.

Нејаснотиите околу смртта настанаа, откако првичните информации од лекарските извештаи беа дека тој бил примен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), без срцева акција и без траги на насилство, но обдукцијата утврди дека смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесени удари.

Вчера повторно се огласија од КАРИЛ, со тврдење дека на телото немало видливи повреди.

Од таму ги отфрлаат сите шпекулации во врска со транспарентноста, а поврзани со случајот на хрватскиот ракометар Денис Тот . Велат дека веднаш по приемот пристапиле кон срцева и белодробна реанимација која траеле половина час и успеале да воспоставата срцева реакција.

При самиот прием на пациентот, повикани биле сите екипи, од Неврохирургија, од Абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија, за отокот на мозокот, соопштија од КАРИЛ.

Слични содржини