Рамадани за ветото: Има шанса за кревање, но на Петков не му е лесно

од Nikola Popovski

Можно е Македонија да добие датум за преговори во јуни, затоа што во една друга прилика реков дека проблемот со Бугарија е ставен во геостратешките цели. Не е само проблем меѓу Македонија и Бугарија, туку опфаќа и безбедносни причини, со оглед на војната во Украина, смета советникот на премиерот за европски вредности, Исмет Рамадани околу можното кревање на ветото во јуни.

Рамадани смета дека Петков како премиер во случајов е во деликатна ситуација.

-Не му е лесно. Нема да биде класично повлекување на ветото, туку ќе биде некое „модус вивенди“ со одредени гаранции. Доколку бараат гаранција само за бугарското малцинство, тоа може да го добие во преговарачката рамка. Понекогаш геополитичките интереси одат во прилог на држава која бараме да го поминеме патот до членство. Има шанса, но има многу малку денови. Самиот факт што Шолц беше тука и во Бугарија, става на знаење дека регионот е под лупа и под една опсервација и во тој контекст можеби ќе се пробиеме, рече Рамадани во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини