Рамос смени став: Сака да остане во Реал, чека повик во „минута до 12“

од Stefanija Kuzmanovska

Со месеци трае неизвесноста за следниот чекор во кариерата на Серхио Рамос, а решението сè уште не е на повидок.

На капитенот му остануваат уште 21 ден од договорот со Реал Мадрид, тој двапати ги одби понудите за продолжување на соработката за уште една година, со 10% намалување на платата заради финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус. Сепак, се вели во најновите вести од Шпанија, ветеранот се предомислил.

И покрај фактот дека на 30 март наполни 35 години, Рамос побара двегодишен договор, но Кралскиот клуб не сакаше да се согласи со него. Тој не би бил првиот долгорочен капитен кој ја почувствува ладнокрвноста на лидерот на мадридскиот великан, бидејќи тоа веќе им се случи на Раул и Икер Касиљас. Првиот мораше да замине во Шалке по 15 години во клубот во 2010 година, а вториот се пресели во Порто по 16 години во 2015 година.

Наводно, веќе започнала подготовката на свеченото збогување за дефанзивецот, кој пристигна во Мадрид од Севиља во 2005 година, па затоа големото прашање е како ќе реагира Флорентино Перез на најновите информации, кои ги објави угледниот мадридски „АС“.

Многумина се сомнителни дека Рамос не дал изјава, но наводната промена на одлуката дошла до јавноста како што дознава главниот уредник на споменатиот весник, а постои можност и искусниот фудбалер да се обиде дополнително да го оцрни веќе често критикуваниот претседател на Реал Мадрид.

Што се однесува до неодамна промовираниот тренер, Карло Анчелоти, трофејниот стратег кој се врати на клупата на шпанскиот великан избра да не зазема ничија страна во своето прво обраќање до јавноста. На новинарско прашање за случајот на капитенот, тој одговори дека не е запознаен со деталите и дека за тоа ќе разговара само со луѓето од клубот и со Рамос.

Да потсетиме, Серхио Рамос не се наигра минатата сезона поради повреди. Зинедин Зидан се обиде да го искористи квалитетот на одличниот дефанзивец на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите со Челси, но тоа беше неуспешен обид. Тоа беше последниот настап на Рамос во дресот на Реал Мадрид, а дали ќе остане таков, ќе видиме во следниве денови…

Слични содржини