Рано откривање на ракот на дојката: Двојното читање на мамографиите

од Vladimir Zorba

Националната платформа Мој термин е надградена со што задолжително треба мамографските слики да бидат независно анализирани од двајца радиолози, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

„Новина на работење е двојното читање на мамографиите од два независни читачи-радиолози кои имаат искуство во читање на мамографии од минимум 800 пациенти“, истакна министерот Филипче.

Имено, со имплементација на софтверската програма, која што ќе биде инсталирана во сите мамографски кабинети и преку истата секојдневно online ќе се следи техничкиот квалитет на сликите, квалитетот на мониторите на кои што се прикажуваат сликите и радијационите дози што ги добиваат пациентите.

Со ова, Република Северна Македонија би била единствена држава во регионот во која што се воспоставени вакви процедури за контрола на квалитетот, и би се придружила на Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска, Словенија и сл, држави кои што се лидери по успешност на мамографскиот скрининг.

Мамографскиот скрининг се изведува во 6 мамографски центри, а со текот на времето се планира да се вклучат и други центрите кои што ќе ги исполнат високите стандарди за квалитет на опремата и на стручноста на персоналот. Разликите на оваа скрининг програма во однос на сите претходни студии и програми на организирани мамографски снимања е што како основен водич е инкорпориран Европскиот водич за скрининг мамографија.

Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови.

Министерот Филипче ги повика сите жени да прават редовни лекарски контроли кои се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста. Но, покрај редовните контроли секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка.

Слични содржини