Расте бројот на оздравени пациенти од ковид, лекот „Фавира“ пуштен во малопродажба

од Берта Китинска

Покрај високиот број на новозаболени и починати од Институтот за јавно здравје велат дека се регистрирани 679 оздравени пациенти.

Здравствените работници во ковид битка

По девет месечна битка со ковид-19, здравствените работници работат со последни сили. Во секојдневната комуникација тие ме информираат дека се исцрпени, но не се откажуваат, затоа што спасениот човечки живот е тоа што ги мотивира да издржат во оваа битка. Мораме заеднички да им помогнеме. Да имаме разбирање за нив, затоа што и покрај тоа што се уморни, тие го даваат својот максимум. Затоа што и тие дома имаат семејства кои не си ги виделе изминативе месеци. Да ја искажеме нашата почит и да бидеме нивната најголема поддршка преку почитување на мерките, вели минисетрот Венко Филипче.

Зголемување на капацитетите за тестирање

Ги зголемуваме капацитетите за тестирање. Од следната недела, во поликлиниката Шуто Оризари почнува со работа нов пункт за брзи тестови за ковид-19. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини од понеделник, а тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена. Тестовите ќе бидат бесплатни за граѓаните.

„Фавира“ е пуштен во малопродажба

Лекот „Фавира“ е пуштен во малопродажба, чини околу 4000 денари, и без рецепт не смее да се даде иако лекот не е на товар на Фондот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

Слични содржини