Египетските власти уапсиле лекари, медицински сестри и професори
Уапсени се најмалку 25 лица, вклучувајќи и купувачи на органи и посредници, информираат од службата за административна контрола во земјата. Властите откриле исто милиони долари и злато.
Купување на органи во Египет е нелегално, но сиромаштијата ги принудува луѓето да продаваат делови од телото.
Властите за административна контрола, со моќен антикорупциски орган, тврдат дека мрежата е составена од Египќани и Арапи, кои имаат корист од тешките економски услови за некои граѓани кои ги купуваат нивните тела и ги продаваат против големи суми пари.
Во соопштението на владиниот сајт се наведува дека групата била најголемата меѓународна мрежа за трговија со човечки органи. Истрагата исто така го вклучува Министерството за здравство, и е фокусирана на група приватни болници и здравствени центри, лиценцирани и не лиценцирани. Таму се вршеле трансплантациите и вадењето на органите.
Властите, исто така заплениле компјутери и документи од центарот. Апсењата следи по реакциите и години на загриженоста во врска со нелегалната трговија со органи во Египет.
Во 2010 година координаторот на Светската здравствена организација (СЗО) Лук Ноел ја утврди земјата како една од топ 5 за нелегална трговија со органи. Египет усвои закони во обид да се избори против трговијата, но според ОН стотици сиромашни Египќани сеуште ги продаваат бубрезите и црните дробови секоја година, за да купат храна или да ги исплатат долговите.
Во тој контекст има исто така и загриженост за судбината на мигрантите кои доаѓаат во контакт со шверцерите.
Во 2012 година, тогашниот шеф на Агенцијата на ОН за бегалци Антониу Гутериш изјави дека некои мигранти на египетскиот Синајски полуостров биле убиени за шверц со органи. Претходно оваа година шверцери на луѓе најавија пред италијанските обвинители дека оние кои не можат да ги платат долговите, биле продадени на шверцери на органи. Сепак овие тврдења не се докажани.
