Ако сакате да разговарате сами со себе, не мора да се плашите дека сте „полуделе“, истакнуваат стручни лица. Тие дури и препорачуваат таква техника, затоа што помага во подобро снаоѓање во бројни ситуации, наведува сајтот Psychology Today.

Психолозите велат дека разговор сам со себе за некои следни чекори во реализација на комплексни задачи е многу корисен.
Разговорот сам со себе му помага на умот да ги занемари препреките, односно она што му одвлекува внимание и да се фокусира на задачата која во моментот ја извршува.
Обраќањето сам на себе помага и при учење. Место само да ги чита информациите од книгите, тој што се обидува нешто да научи подобро ќе го направи тоа ако наглас се обидува да ги резимира информациите.
Луѓето кои користат таква техника подобро памтат информација од оние кои тоа не го прават, велат стручњаците.