Разговорите со Бугарија продолжуваат и покрај најавеното вето

од Берта Китинска

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања ја започна дводневната средба посветена на содржината во македонските учебници по историја за средновековниот и раноосманлискиот период.

Властите во Скопје со пораки дека разговорите со Бугарија ќе продолжат и покрај најавеното бугарско вето за старт на преговорите за членство на земјава со ЕУ

Премиерот Зоран Заев изјави дека Комисијата за историски прашања од 14 записници има решено три, и дека имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници.

Тој напомена дека работата оди во една пријателска атмосфера и за него тоа е сигнал дека сите се трудат да прават напредок.

– Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски. Сега се потребен,вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија, изјави Заев.

Тој додаде дека специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски треба да биде само мотиватор за спроведување на Договорот за пријателство и добрососедство, а оти преговорите за изнаоѓање решение и натаму ќе ги води Министерството за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, порача дека решението со Бугарија е во Договорот за добрососедство.

– Кога двете страни ќе се уверат дека решението е во Договорот, мислам дека се друго ќе дојде на свое место. Преку создавање акциски план договорот ќе има предвидливост, со цел да испорача. Никој не бега од обврските од Договорот, изјави Османи, додавајќи дека целта е да се врати довербата во процесот, да се надминат различните толкувања и да се најдат точки на зближување и на заедничко одбележување на историски настани и фигури, изјави Заев.

Слични содржини