Реакција на Новак Ѓоковиќ на фотографија на Северина покрена дебата на мрежите (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Северина редовно објавува интригантни фотографии на Инстаграм, но нејзината најнова серија привлече посебно внимание. На Твитер кружи нејзина фотографија од плажа, која многумина забележаа дека ја лајкувал и Новак Ѓоковиќ.

Станува збор за фотографијата на Северина од бајковита плажа на Малдивите, каде е во костим за капење и маслинесто зелена наметка, додека седи на лежалка.

Фотографијата има речиси 23.000 лајкови, а една од нив е оној на Ноле, што предизвика лавина од коментари.

Некои се шегуваа дека Јелена сега ќе му набави на Новак телефон од постар модел за да не се повтори вакво нешто.

Излезе дека ова не е единствената фотографија од Северина која го привлекла вниманието на Новак.

Неодамна лајкнал нејзина објава на 9 март, како и фотографијата на која Севе позира на песок во минијатурно бикини.

Слични содржини