Реал Мадрид привлекува уште една голема ѕвезда на ПСЖ

од Vladimir Zorba

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ќе го засили Реал Мадрид на лето откако ќе му заврши договорот со ПСЖ, а шпанскиот гигант ќе работи на уште еден трансфер од парискиот тим.

Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез одлучил да го привлече Ашраф Хакими, кој сака да го напушти францускиот клуб, пренесуваат европски извори.

Хакими досега за тимот од Париз одигра 105 натпревари на кои постигна 13 голови и 17 асистенции.

Слични содржини