Потребни производи:
250 г од омилените бисквити
150 г масло
10 г ореви за декорација
3 ќесички ванила во прав
400 г течно чоколадо
500 г крем сирење
30 мл коњак
шеќер во прав, ако е потребно0d39a4f5b660b2f7f72f73426a05ac75

Подготовка:
Во кујнски блендер сомелете ги добро бисквитите. Ставете ги во сад и додадете кон нив стопен путер и коњак. Треба да се добие хомогена смеса, бисквитите да не се ронат. Доколку е потребно додадете уште малку масло.

Распостелете  ги во соодветната тава и нежно притиснете за да станат како кора. Во сад измешајте го чоколадото, крем-сирењето и ванилата (ако не е доволно благо, додадете малку шеќер во прав). Истурете ја смесата врз бисквитите. Украсете со овошје, ореви или друга омилена декорација. Ставете во фрижидер да се стврдне за околу 3-4 часа.

Слични содржини