Производи:
4-5 парчиња скуша или риба по избор
1 лимон
1 врска копар
1 грутка масло
600 г свежи печурки
50 мл вода
100-150 мл бело вино
3-4 лажици течна или обична павлака
сол, црн пипер
1 лажица брашно14168dcf2fa9d526c8ecaefb47286cf8

Подготовка:
Рибата се чисти добро, се додаваат вкусови како сол и црн пипер однадвор и одвнатре. Потоа наполнете ја со неколку парчиња лимон и копар. Ставете ја рибата да се пече на скара или рерна завиткана во фолија. Во тоа време исечете печурките и омекнете ги во маслото.

Додадете го виното, малку водичка и брашното. Мешајте додека сосот се згусне. Потоа тргенете го од топлина, оставете да се излади за 5-7 минути и постепено ставете павлака и копар. Кога рибата е подготвена се сервира во чинија и се прелива со сосот.

Слични содржини