Денешното вкусно кулинарско искушение е рецепт за подготовка на вегетаријански бомбици од сирење и ореви.1178c6961c5c05eed3311c25aa99064f

Погледнете како да ги направите во домашни услови. Потребно време за подготовка:  2 часа

Потребни производи за 8 парчиња:

150 г крем сирење

2 и ½ чаши рендано бело сирење

50 г зачин микс по избор

1 и ½ чаши ситно мелени ореви

Начин на приготвување:

Во сад измешајте ги двата вида сирење, силно гмечејќи ги, за да се добие хомогена смеса.

Додадете зачин и промешајте уште еднаш. Со раце направете топка и тркалајте ја во снегулките, додека се покрие целосно. Направете уште неколку топки, додека не се покрие целосно смесата.

Изладете најмалку 2 часа пред сервирање.

Забелешка: Наместо ореви можете да го користите семиња по избор или микс од ореви и семки.

Слични содржини