Реџепи: На добар пат сме кон изнаоѓање законско решение за државјанство

од Берта Китинска

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива по денешната средба со премиерот и претставниците на владата информираше дека од Владата имало предлог да има закон со преодна одредба.

-На добар пат сме кон изнаоѓање законско решение за државјанство како постојана законска рамка преку која сите граѓани на кои досега им беше овозможено добивање државјанство и живеење достоинствен живот во државата, ќе може да го добијат.Не ни е цел како коалиција да бидеме црни овци кои ќе кочат и блокираат закони, туку да бидеме оние кои ќе им служат на лицата на кои им е блокирано правото на државјанство и на живеење. Ќе седнеме како пратеничка група да ги разгледаме сите опции кои се отворени на средбата, рече Реџепи.

Тој не сакаше да говори колкав е бројот на граѓаните кои немаат државјанство.

-Бројката е многу ирелевантна поради фактот што согласно Меѓународната конвенција на ОН ниту еден граѓанин не смее да биде без државјанство. За нас е битен поединецот исто толку колку е битно и ако се во прашање 10 илјади или 100 илјади граѓани. Недозволиво е да кажуваме бројка бидејќи не сме институција, но и за институциите не е дозволиво да не им овозможат на граѓаните да остварат право на државјанство, потенцира пратеникот Реџепи.

Слични содржини