Реџепи: Одлучив да не учествувам на собраниската седница

од Берта Китинска

Пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да не учествува на собраниската седница за гласање на доверба на Владата.

„Евроатлантскиот интегративен процес на државата е една моите и од основните цели на Движењето Беса. Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба, оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ, одлучив да не учествувам во оваа собраниска седница каде треба да се стави под прашалник оваа важна цел на државата и нацијата, наведува Реџепи во објавата.

Тој натаму наведува дека како политичар и совесен пратеник ја донесол оваа „не лесна одлука, водејќи се од интересите на народот и државата“.

„Државата во овој важен период нема потреба од политичка криза“, додава Реџепи во објавата на Фејсбук.

Слични содржини