Редици за трета доза вакцина против ковид

од Берта Китинска

Изминативе денови забележана е гужва пред вакциналните пунктови каде граѓаните чекаат ред за трета доза вакцина.Денеска ред имаше и пред вакционалниот пункт во Здравствениот дом „Панче Караѓозов. Граѓаните кои ја примаат бустер дозата, пред да влезат во вакциналниот пункт пополнуваат согласност, доколку има потреба и здравствениот кадар им помага.

Националниот Комитет за имунизација донесе одлука со која препорачува граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на кинеските производители Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин, на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат.

„Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на ковид-19“, порачува министерството.

Фото: Принтскрин

Слични содржини