Реднап: Би сакал да го видам Стивен Џерард на клупата на Ливерпул

од Vladimir Zorba

Се уште не е познато кој ќе го води тимот на Ливерпул следната сезона кога Јирген Клоп ќе си замине од „Енфилд“.

Хари Реднап, поранешниот менаџер на Вест Хем, Саутемптон, Портсмут, Тотенхем и други клубови има предлог „црвените“ да ги преземе нивниот легендарен капитен.

„Можеби некои луѓе ќе помислат дека сум луд, но јас би го предложил Стивен Џерард. Тој има страст за играта, често го слушав како зборува и секогаш мислев дека ќе биде извонреден тренер. Не треба да ве потсетувам колку е приврзан за клубот од Енфилд. Навистина би сакал да го видам како раководи со Ливерпул“, изјави Хари Реднап за локалниот Liverpool Echo.

Стивен Џерард (43) веќе работеше како менаџер во Премиер лигата кога го водеше тимот на Астон Вила од ноември 2021 година до октомври следната година. Пред тоа, тој го предводеше Глазгов Ренџерс до титулата во шкотското првенство во 2021 година. Моментално е тренер на Ал Етифак, клуб од Саудиска Арабија.

Познато е дека Јирген Клоп во јануари ја информираше јавноста дека на крајот од оваа сезона ќе го напушти Ливерпул.

Слични содржини