Реднап: Тотенхем може да ја освои Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Тотенхем може да ја освои Лигата на шампионите, смета аналитичарот на „Скај Спортс“, Џејми Реднап, по одличната игра изминатата ноќ.

Тотенхем израмни два гола во Торино против Јувентус и стигнаа до 2: 2, откако можеа дури и да победат и тоа ги прави фаворити за реваншот на „Вембли“ на 7. март.

„Може ли да ја освојат Лигата на шампионите? Апсолутно! Ливерпул и Тотенхем се опасни ривали затоа што имаат посебни играчи. „Петлите“ имаат многу добар тим. Импресиониран сум од Дејвинсон Санчез и универзалноста во составот и сум изненаден дека немаат повеќе поени во првенството“, изјави Реднап, кој не спаси пофалби и го забележа претставувањето на Кристијан Ериксен.

„По оваа игра тие се главен фаворит за да продолжат понатаму. Јувентус останува опасен, но Тотенхем има способност да му наштети на секој противник. Ериксен беше одличен во неговата изведба. Тој има неверојатна класа и прави играта да изгледа толку лесна. За мене, во смисла на техниката, тој е на исто ниво со Кутињо. Тој е секогаш способен да даде клучен пас и да ја носи острината на тимот. Навистина посебен играч. Тој е Кевин де Бруин на Тотенхем“, додаде тој.

Слични содржини