Рејхан Сулејман ја доби Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година што ја доделува Народна банка.

Нејзиниот труд е оценет со највисока просечна оценка во согласност со критериумите од објавениот конкурс.

– Станува збор за труд што се одликува со конзистентост и истражува релевантна област којашто се однесува на економскиот развој, со посебен акцент на нашата земја. Целта на трудот е да се испита влијанието на претприемништвото врз економскиот раст. Во трудот се дава осврт на претприемништвото во нашата земја, а економската анализа е направена со примена на релеватна методологија (панел-процена). Главниот заклучок е дека од анализата е дека претприемачката активност во рана фаза (TEA – total-early stage entrepreneurial activity) нема статистичко значајно влијание врз економскиот раст, додека етаблираните претприемачки бизниси или т.н. воспоставена деловна сопственост (EBO – established business ownerships) имаат позитивно влијание врз растот на БДП, се посочува во соопштението од Народна банка.

Трудот е објавен на веб страницата на Народна банка.

Наградата за млади истражувачи се доделува веќе 15 години заради стимулирање на развојот на научната мисла во земјава и афирмација на младите стручни кадри.

Конкурсот беше објавен кон средината на минатата година, а рокот за достава на науните трудови беше 1 февруари. На годинашниот конкурс беа пристигнати четири труда од млади истражувачи.

Наградениот труд насловен „Влијанието на претприемаштвото врз економскиот раст во земјите во транзиција и во земјите од регионот МЕНА (Среден исток и Северна Африка) со осврт на Северна Македонија“ ќе биде презентиран во јуни во рамки на активностите на Клубот на истражувачи.

Слични содржини