„Рејтинг“: Мнозинството граѓани сметаат дека Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

од Vladimir Zorba

Во најновото испитување на јавното мислење на Агенција „Рејтинг“, направено во рамките на сопствените редовни активности за следење на промените во изборното расположение на граѓаните, Агенцијата преку куса анкета се обиде да дознае како јавноста ги перцепира можните кандидати за премиер на идната Влада.

На прашања до граѓаните за тоа дали Влада предводена од Зоран Заев или Влада предводена од Христијан Мицкоски би се справила подобро со различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава.

Граѓаните во значително повисок процент сметаат дека СДСМ може да обезбеди побрзо членство на државата во ЕУ и НАТО и да осигура поголема слобода и демократија. Исто така, за 4% повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ и исто толкав процент повеќе, дека може да обезбеди поголема независност на судството.

Во однос на другите мерени области нема значајни разлики во одговорите, односно ниту една од партиите нема значајна предност. Она што треба да се забележи е дека процентот на граѓани кои се изјасниле дека ниту Влада предводена од Заев ниту од Мицкоски може да го намали криминалот и корупцијата е значително висок, односно дури 44% од анкетираните се изјасниле вака.

Мнозинството граѓани, според ова испитување на јавното мислење, сметаат и дека Зоран Заев би бил подобар премиер од Христијан Мицкоски. На прашањето: „Дали според Вас подобар иден премиер на државата би бил Зоран Заев или Христијан Мицкоски„ 32% од анкетираните рекле дека тоа би бил Заев, додека 27% рекле дека тоа би бил Христијан Мицкоски.

Анкетата била спроведена на примерок од 1.080 испитаници, од 18 до 29 Јануари со метод интервју лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3%.

Слични содржини