Џихад напади, миграциски наплив, грчки долг, повидлив национализам: низ Европската унија клокотат анксиозност и поделба на начин невиден од 40-те години на минатиот век. Притисната од тоа Европа е парализирана. И едвај се забележува најопасниот за европскиот сон елемент: Продолжен се расцеп меѓу Франција и Германија за тоа како да ги извршуваат просперитетот  и безбедноста, најдлабоките нивните национални интереси.

4674311Ако Франција и Германија не можат да работат заедно, сонот за обединета Европа ќе биде подриен. Во 50-те години на минатиот век оваа премиса го доведе канцеларот Конрад Аденауер и претседателот Шарл де Гол до историското разбирање: француско-германското соработка ќе биде здрава основа врз која ќе  се гради западноевропското преродба. Франција ќе  ја  води политичката реконструкција на Европа, додека Германија ќе ја храни нејзината економија. Изгледаше логично. Врз сеуште свежите  урнатини од Втората светска војна двете држави имаа споредлива сила, и во текот на 30 година тие работеа кохерентно за заедничкиот пазар, европската визна политика и плановите за заедничка валута. Но во 90-тите години на минатиот век обединувањето на Германија  го наруши балансот. Француското влијание ослабна, додека германската економија стана виша сила. Французите се бореа со глобализацијата, одбивајќи да ги разменат своите социјални бенефиции за конкурентна ефикасност. Така Германија стана главен глас во рамките на европскиот пазар.

мер давит ола Ангела Меркел, Ахмет Давутоглу и Франсоа Оланд.

Единствената валута дојде на чело со германските банки . Но од 2005 година, гласачите во Франција се осилија  против препуштањетона на се повеќе  на суверенитетот: При плебисцит во чекор со трендовите, наскоро проследено со таков и во Холандија, тие му застанаа на движењето во насока на паневропскиот  устав. Потоа дојде финансиската катастрофа  од 2008 година, отвореното  положување на  економските разлики и политичко незадоволство меѓу Северна Европа, предводена од Германија, и помалку вредниот  Југ. Уште поопасна политички, но помалку дискутирано, несреќата  ги извади на виделина растечката разлика меѓу француските и германски односи едни кон други – нивните   работни сили, социјални политики и дипломатија. Минатата година тероризмот и бегалската криза на Блискиот Исток стави фокус на тоа. Сега, кога се среќаваат, претседателот Франсоа Оланд и канцеларката Ангела Меркел, зборуваат за солидарност, но со различни концепти. Оланд изјавува  за статусот на Франција “во војна со Исламска држава”, додека германските лидери зборуваат за “судир со тероризмот”. Французите преземаат воени операции во Мали, Ирак и Сирија, додека Германците преферираат меѓународни хуманитарни операции. Германците се плашат дека Французите се претвораат во војнољубци  додека многу Французи гледаат смирување, а не каење во каѓаната од Германците денес фраза “Никогаш повторно војна, никогаш повторно Аушвиц”.

Во економијата Германија е моторот на либерализмот на слободниот пазар, силна е во оздравувањето и вообразен кон делењето  на буџетот, кој Германците го поврзуваат со “европска просперитетна држава”, една типична француска идеја. Самата дефиниција на европската моќ зависи од целта за спроведување: За Французите, кога тие се мешаат во Африка и Блискиот Исток,  тоа е воена и политичка цел. За Германците власта е како економска, толку и политичка, иако нејзиниот фокус е на исток – кон Русија и нејзините соседи. Гледајќи напред, најопасниот судир може да биде поврзан со потопот од муслимански бегалци и други мигранти. Минатата година Германија, дејствувајќи соло, покани повеќе од еден милион, додека Франција усвои – неволно – неколку илјади. Франција сака да ги затвори границите на континентот, додека Германија сака Турција да помогне за пристигнувањето на повеќе бегалци – судирот не  е толку на совест, колку на конкурентските економски императиви. Германија сака повеќе работници, бидејќи нејзиното население старее со раст, втор по оној на Јапонија. Франција, за контраст, живее со огромна невработеност и наталитет меѓу највисоките во Европа. Франција, исто така оценува дека најголемиот социјален  предизвик пред неа е интеграцијата на милиони француски граѓани муслимани во нејзиното секуларно општество – криза на идентитетот и за двете. Таков вид напон е нешто од кое Германците не се  и до толку загрижени . Како минатата година напиша во списанието. “Вени фер” Јошка Фишер, поранешен министер за надворешни работи, “Ангела Меркел  ја управува Германија, каде што сонцето сјае секој ден, што е сон на секој демократски избран политичар”. До пред неколку недели беше така. Ужасниот  културен судир во Келн во пресрет на Нова година меѓу толпа мажи арапски имигранти и групи од млади германски жени кои тие ги напаѓаа, беше момент на будење за многу Германци – навестување дека тие не можат да останат засекогаш остров на самодовербата во морето од се повеќе несигурни соседи.

4674313Но Меркел уште се придржува кон отворени врати на Германија за имигрантите, иако оваа позиција сега ја изолира како од составните делови на Германија, така и од остатокот од Европа. Ова исто така ја  продолжува неспособноста на Европа да најде унифициран пристап кон проблемот, последно од  минатата недела во Брисел за време на неуспешниот самит за ова прашање. Минатата есен пишување совети на Меркел кон Германците беше “Wir schaffen das” ( “Можеме да го направиме”). Но сега таа ја пропушта можноста внимателно да ги  слуша повеќе во неодамна трауматизирани нејзините сограѓани и го  изнервира останатиот дел од Европа и ја покани Франција, за да го намали јазот помеѓу нив. Сигурно, ако се обидат, овие двајца партнери би можеле да најдат некаков среден пат меѓу игнорирање на закана и одбивање  да се помогне на невини жртви. Но тоа не е поволен момент за таквата соработка. Иако радикалниот ислам, масовните миграции, рускиот реваншизам и воените интервенции се предизвици со кои ниту една европска држава не може да се справи сама, а  сите политички расположенија на Стариот континент се во погрешна насока. Исплашите  Европејци се повлечат во нивните суверени мали држави напојувани  од популарната десница и ксенофобијата. Во Унгарија и Полска овие сили презеле власта. До 2017 година тие можат да го направат тоа во Франција, и Британците можат да се откажат од Европа како целина. Тоа нема да остави ниту една нација во можност да ги преземе уздите од Франција или Германија при споведување на несовршената унија во Европа. И што е следно? Можеме ли со причина да веруваме дека Европа ќе излезе од оваа состојба? Ќе има ли француско-германското пресврт во посрамената  меморија на масакрот во Вердјун пред 100 години?

4674314

Не мислам.  Тоа е прашање на лидерство. Во 90-тите години на минатиот век Франсоа Митеран и Хелмут Кол, како Аденауер и Де Гол пред нив, можеа да работат заедно, делумно затоа што ги преживеале крајните  алтернативи- ужасите на војната. Но овие гиганти одамна го напуштиле местото на настанот. Денес не постои ниту водечка програмата, ниту вистинска солидарност, и историската меморија е премала за да  израсне. Меркел и Оланд повеќе од било кога се фокусирале на сопствените национални загатки: за Франција, како да го контролира тероризмот; за Германија, како да ги третира бегалците. Она што шефовите во Европа не направија, туку едноставно треба да почнат да го прават, е да ги подготват своите жители за еден  голем услов за напредок кон унија – огромен скок на верата и оптимизмот, дури и додека сте во заробеништво на стравот. Наместо тоа, тие  да ги предадат најскриените  соништа на своите народи, како се заглавуваат еден со друг. И дури мојата генерација, кои беа на 15-20 години, кога падна Берлинскиот ѕид, не успева да се спротивстави на нив и да бара тие да  го спасат ветениот ни сон – една Европа, конечно во постојан мир и работи во склад по сите поделби и ужаси на XX век.

………………………

Коментарот на Оливие Гез е објавен во. “Њујорк тајмс”. Авторот е француски есеист и сценарист на филмот “Народот против Фриц Бауер”.

Слични содржини