Ременски: Јовевски требаше да каже кој ќе биде изземен од истрагата за бегството на Сашо Мијалков

Во своето гостување во „Топ тема“, екс пратеничката, Фросина Ременски посочи дека ова ршумлијада врзана за бегството на Сашо Мијалков. Таа вели и дека секој треба да одговори за својата вина, а не да ја префрлува вината кон другиот.

„Јас најдолго дебатирам за срамот кој го трпи правосудниот систем поврзан со неколку имиња. За злоупотреба на моќта на институциите, злоупотребата на власта. Кога зборувам дека ова е срам за правосудниот систем, мислам дека треба да се задржи владеењето на правото. Јас денес очекував дека секоја власт во рамки на својата надлежност ќе излезе со детална анализа и објаснување за тоа што не било направено, а требало да биде направено вчера. Очекував Јовевски денес да посочи кој ќе биде изземен од истрагата за бегството на Сашо Мијалков. Она што ризикуваме е секој да коментира за вината на другиот, а не за својата вина. Во рамки на криминалистичката истрага, неовластено влезе обвинителката Русковска“, истакна Ременски.

Слични содржини