Ременски: Моите кривични пријави против Силјан Аврамовски и Горан Николовски се причината зошто сум на обвинителна клупа

од Viktor Jovanov

Имам поднесено 16 кривични пријави. Обвинителката Гордана Смаќоска никој не ја посети да ја праша зошто држи предмет од 2013 година каде има фиктивни фалсификувани документи за противправно опремување на МВР. Таа кривична пријава опфаќа 6 министри, вицепремиер, поранешен премиер и службеници во сектор за јавни набавки. Смаќоска 4 пати прибира иста документација под некаков плашт дека води некаква постапка. За ова се имам обратено и до Советот на јавни обвинители, но никако да се излезе од тој лавиринт на тактизирање со објавата која опфаќа звучни имиња од минатата власт, изјави пратеничката од редовите на СДСМ и поранешна минситерка Фросина Ременски.

-Силјан Аврамовски исто така е опфатен во оваа кривична пријава. Тој се пензионира 2017 ноември и пак продолжи да ги води реформите во МВР. Најголемото прекршување е дека се давале лажни информации пред пратеници во 2018 години. Тоа е сериозен преседан. До антикорупциска има поднесено 2 поднесоци против екс директорот на УБК, Горан Николовски за корупција .Во фазата на реформата доаѓаат сериозни документации и информации повразни со моќта од луѓе кои биле и се припадници на МВР и тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање, вели Ременски.

Според Ременски, ова е причината зошто е мета на политичка елиминација преку случајот „Рекет 2“.Како што вели пратеничката, станува збор за спрега помеѓу политиката, разузнавачката служба и полицијата. Ременски додава дека спрегата е да се елиминитраат сите чинители кои можат да покренат прашања на одговорност за злоупотреба, фиктивност, прикривање, злоупотреба на буџетски средства. Таа вели дека доколку има функционален систем на правосудството може да доведе до сериозни процеси.

-Мојата изјава за политичката елиминиација е сериозна изјава. Неколку часа откако дознав дека е е покренато обвинение за Меѓународниот сојуз. Може да се заклучи дека го очекував, не бев изненадена или вознемирана од тој чин. Многу работи претходно наведуваа да има политичар обвинет во овие процеси. Кога го кажав моментот зад политичка елиминација, имав во предвид дека тоа е еден вид на политичко разузнавачка операција во спрега со параполициски и јавно обвинителски кругови кои во минатото покажувале пристрасност кон продор и анализа во одредени настани. Над сите овие работи кои се случуваат апропо истрагата и обвиненијата поврзани со мене, претходеа многу случаи надвор од интерес на јавноста, а се одвиваа во парламентарните и стручните кругови кога се случуваа нашите реформи како реформите во УБК, вели Ременски.

Слични содржини