Ременски: Ставањето на судски процес во културно-историски контекст преку мислата на Гоце Делчев е непотребно

од Ивана Рамаданова

Ставањето на кривично-правен настан и судски процес во културно-историски и идеолошки контекст од пред повеќе од еден век, преку мислата на Гоце Делчев “за предавствата …” од страна на обвинител е повеќе од непотребно за ова наше и без тоа подделено општествено ткиво и тоа никому не помага, напротив, напиша поранешната пратеничка и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски на својот Фејсбук профил.

„Ако целта на заедничкиот општествен стремеж и на сите (европски ориентирани) политички и општествени чинители е намалување на јазот помеѓу граѓаните кои се производ на говорот на омраза, на реториката патриоти-предавници, на повиците на насилство и нетолеранција поттикната од партиски поделби и квазипатриотизам, тогаш сите треба да внимаваат за “производот” од искажаниот збор, дури и обвинител во судница. Не ни требаат нови поделби и дополнителна омраза, зошто на многумина им беше и им е простено“, пишува Ременски.

Слични содржини