Решавачка средба во Барса денеска, Чави побара 8 нови, напуштат повеќе од 10

од Vladimir Zorba

Претседателот на Барселона и тренерот на тимот Чави денеска ќе одржат заеднички состанок со техничкиот секретар Жорди Кројф, спортскиот директор Матеу Алемани и еден од потпретседателите на клубот – Рафа Јусте. На него, одговорните ќе разговараат за последните активности на тимот летово и за големите промени што треба да се случат.

Чави побарал дури осум нови засилувања, од кои некои се веќе обезбедени. Поранешниот играч од средниот ред ги посака бекот Сезар Аспиликуета и Маркос Алонсо, на кои им истекува договорите со Челси, како и на нивниот соиграч Андреас Кристенсен, за кој се вели дека веќе постигнал договор со клубот, а исто така ќе разговара и за привлекување нов централен дефанзивец, во зависност од состојбата на Жерар Пике.

Во средниот ред, Франк Каси (Милан) веќе се договорил со Каталонците, а Чави сака да направи се што е потребно за да му се придружи Рубен Невеш од Вулверхемптон.

Во нападот се надева на Роберт Левандовски кој јасно стави до знаење дека нема намера да остане во Баерн (Минхен), но и на одличниот Рафиња од Лидс.

Се очекуваат и доста заминувања кај „отфрлените“ – Нето, Самуел Умтити, Оскар Мингеса, Клеман Ленгле, Рики Пуиг и Мартин Брајтвајт ќе бараат нови тимови, а Адама Траоре и Лук де Јонг ќе се вратат во своите тимови откако ја поминаа втората половина од сезоната на позајмица на Камп Ноу.

Меѓу потенцијалните заминувања се и Френки де Јонг, Мемфис Депај и Сержињо Дест, но тоа ќе се случи само со добри понуди за сума што ќе ја задоволи Барселона.

На Усман Дембеле му истекува договорот и нема да остане на „Камп Ноу“, а таквата перспектива ја загрозува иднината на Гави, кој моментално одбива да го продолжи договорот, кој е за само уште една сезона и има откупна клаузула од само 50 милиони.

Слични содржини