Рита Ора позираше гола: Интимните делови ги покри со дресот на англиската фудбалска репрезентација (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рита Ора се соблече и позираше покриена само со дресот на англиската фудбалска репрезентација пред вчерашниот финален натпревар на ЕУРО.

30-годишната пејачка на Инстаграм напиша дека фудбалот „се враќа дома“, и ѝ посака многу среќа на репрезентацијата, што на крајот не ѝ помогна на Англија, која загуби по изведувањето пенали.

Фановите на британската репрезентација ја наградија со стотици илјади лајкови, како и коментари во знак на благодарност.

Секако, Рита Ора не е единствената британска sвезда која изрази поддршка за Англија.

На социјалните мрежи навиваа и Симон Ковел и Дејвид Бекам, а фотографиите од тажниот принц Џорџ од мечот го обиколија светот.

Слични содржини