Рјабков: Директен конфликт со САД и НАТО не е во интерес на Русија, но мораме да одговориме

од Vladimir Zorba

Директен конфликт со САД и НАТО не е во интерес на Русија, но ќе мораме да одговориме на зголеменото учество на Западот во украинскиот конфликт, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој рече дека Москва со жалење забележува дека „сегашната голема помош за Киев, обуката на украинските војници на територијата на земјите на НАТО, обезбедувањето разузнавачки податоци, сателитски снимки во реално време, како и одредувањето цели за Артилериските напади и планирањето на операциите, сè повеќе вклучуваат западни земји во конфликт од страната на Украина, додека „лидерите на различни нивоа во САД и Европа повикуваат Русија да бие победена на бојното поле“.

„Јасно е дека директен конфликт со САД и НАТО не е во интерес на Русија. Предупредуваме и се надеваме дека Вашингтон и другите западни престолнини ќе ја разберат опасноста од неконтролирана ескалација“, заклучи Рјабков.

Слични содржини