Роби Вилијамс: Имав платен убиец над мојата глава

од Vladimir Zorba

Британскиот пејач Роби Вилијамс во неодамнешното интервју за „Мирор“ ја откри темната страна на славата. Рече дека бил мета на платен убиец, а со таа изјава изненади многумина.

„Никогаш не го кажав ова, но имав платен убиец над мојата глава. Никогаш не зборував за тоа во јавноста. Имам пријатели. Ова се работи за кои не зборувате кога ќе станете познат”, објаснил пејачот.

47-годишниот Роби откри дека во животот на големите ѕвезди најтешко е да се справиш со славата.

„Во еден момент од мојот живот бев неверојатно познат. Познат во стилот на Мајкл Џексон. Станав популарен кога имав 17 години. На 16 бев во „бој бенд“, а кога имав 21 отидов и започнав соло кариера. Продадов 80 милиони албуми, го држев рекордот по бројот на продадени билети во еден ден за турнеја“, вели Роби.

Тој вели дека ѕвездите мора да се помират со фактот дека кога се познати им се одзема приватноста.

„Сакам да одам на нормални места каде што не можам да одам, затоа што луѓето сакаат да ме убијат. Потребно е некое време за да се помириш со тоа. Имам анксиозност и не сакам да запознавам странци, а странци сакаат да ме запознаат и незгодно ми е поради тоа. Мислејќи на тоа всушност ме вознемирува“, изјави пејачот.

Слични содржини