Роби Вилијамс незадоволен од својот изглед поради тешкото пореметување со кое се бори

од Nikola Popovski

Популарниот пејач Роби Вилијамс ослабе речиси седум килограми и изгледа сосема поинаку, но сепак, без разлика на промената, не планира тука да застане.

Роби Вилијамс е толку незадоволен од своето тело што решил да оди на операција за да се „стегне“.

Минатиот месец, музичарот отворено зборувал за неговата борба со телесна дисморфија, поради што неговата идеја за себе и она што го гледа во огледалото воопшто не се совпаѓаат.

На Инстаграм тој објави дека „вашата идеална тежина е кога луѓето се загрижени за вас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robbie Williams (@robbiewilliams)

Се борам со ова нарушување, а имав и 20 килограми плус. Значи, само замислете што гледа мојот ум токму тогаш. Ако не можете, знајте дека тоа е катастрофална слика. Во моментов сум слаб, но размислувам вака: ‘Браво Роб, успеа да ослабеш, а сега си стар човек, секој чест“. Навистина е борба, тага, со која се носам цел живот… Ова само го споделувам со вас. Ако некој се најде во моите зборови, можеби ова ќе му помогне, не знам, изјавил еднаш Роби за медиумите, пренесува „24седам“.

Како што пишува гореспоменатиот медиум, Роби Вилијамс не се откажува од драстични мерки, па се потпира особено на една естетска процедура.

Гледајќи ги тие неуспешни операции, луѓето велат: „О, не, те молам немој да го правиш тоа“. Имам колеги чии процедури беа фантастични. Би сакала и малку филер околу очите. Има сè и сè што правиме, а во основа не ни треба, изјавил Вилијамс за „The Sun“, додавајќи дека и тој би сакал да направи трансплантација на коса, но бидејќи веќе двапати е одбиен, полека „се вљубува во идејата дека ќе остане целосно ќелав“.

Да потсетиме дека телесното дисморфично нарушување е ментално растројство кое се карактеризира со опсесивната идеја дека некој дел од телото е на некој начин оштетен, па на личноста не му останува ништо друго освен да го прикрие и поправи.

Слични содржини