Роботи снимија комплетен албум наречен „Automatica“

од desk2
98 прегледи

Најџел Станфорд е новозеландски музичар кој креира звучни експерименти користејќи механика и технологија. Така неговиот комплетен албум „Automatica“ го снимија два индустриски роботи.

За снимање на секој инструмент, Станфорд манипулирал со роботите за да им помогне да свират. На пример, кога роботите свиреле бас, едниот на вратот од гитарата ги свирел тоновите, а другиот тргал по жиците. Кога свиреле тапан, едниот го чувал тапанот, другиот удирал по него.

Станфорд дошол на оваа идеја откако отсвирил ноти на бас и клавијатури и информацијата за отсвирена мелодија ја пратил на своите роботи. Потоа, роботите развиле техника за свирење на сите инструменти.

„Роботите се одлични. Интересно е да се работи со нив. Мојот најдраг робот е тапанарот. Имам уште работа за да може еден ден со нив да настапам во живо“, вели Станфорд.

Албумот „Automatica“ достапен е на речиси сите интернет музички платформи.