Родители одлучиле да не ја пресечат папочната врвца по раѓањето на синот

од desk2
122 прегледи

Ник и Ванеса Фишер одлучиле синот Ештон да им се роди дома и избраа пракса позната како “lotus birth”, што значи не ја пресекле папочната врвца по раѓањето, а постелката ја здржале.

“Lotus birth” подразбира задржување на папочната врвца и постелката се додека таа природно не се оддели што може да трае со денови, а целта е детето да ги добие сите потребни состојки од неа.

На идејата дошле откако Ванеса истражувала за крвта од папочната врвца.Открила дека многу мајки не ја пресекуваат и осугирале потполно пренесување на крвта кај бебето, пишува Independent.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=692440677810176&set=a.139449909775925.1073741828.100011327494587&type=3&theater

„Постепеното раздвојување на папочната врвца и постелката изгледа многу емоционално обзирно кон бебето, а се спротивно од тоа е трауматично. Кога папочната врвца природно ќе се одвои и плацентата ќе ја заврши својата работа давајќи му ги на детето сите хранливи состојки, детето има време да воспостави врска со таткото“, вели Ванеса.

Незјин роднина за постелката на Ештон направил и посебна торбичка, а мајката тврди дека нема многу работа околу нејзиното одржување. Билките кои ги користи за нејзино испирање ги неутрализира мирисите.

Оваа пракса е се попопуларна последните години, а мислењата на лекарите се поделени.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=693185874402323&set=p.693185874402323&type=3&theater

„Постелката е мртво ткиво и поради тоа крвта во неа може да биде склона на развој на бактерии, а авентуалната инфекција може да се прошири на бебето“, тврди докотор Вилијан Швајзер од Медицинскиот центар на Универзитетот Лангон во Њујорк.

Меѓутоа, бројни родители се одлучуваат за “lotus birth” и сметаат дека луѓето премногу слепо и веруваат на медицината и не размислуваат за алтернатива.

Откако ќе се одвои плацентата Ванеса и Ник планираат да ја закопаат.