Родителите на настраданите деца од ОУ „Владислав Рибникар“ ги тужат мајката и таткото на Коста

од Stefanija Kuzmanovska

Семејствата на убиените деца во Србија ангажирале адвокати и имаат намера да поднесат граѓанска тужба против родителите на малолетникот кој засекогаш ги зави во црно. Родителите на убиените и повредени ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар подготвуваат тужби против таткото и мајката на момчето (13), кое го изврши масакрот во ова белградско училиште на 3 мај, дознава српскиот весник „Курир“.

Според добро упатен извор, родителите на настраданите веќе ангажирале адвокати, кои подготвуваат приватни тужби.

„Неутешните родители на настраданите од училиштето во Врачар одлучија правдата да ја бараат на суд и ќе ги тужат родителите на момчето кое им нанесе незамисливо страдање“, вели изворот на „Курир“ и додава:

„Со оглед на тоа што момчето кое ги уби нивните деца не одговара кривично бидејќи немало навршено 14 години во моментот на делото, а не може да му се суди според законот, мајките и татковците на убиените и ранетите деца решиле да поведат постапка пред самиот суд“, вели изворот.

Седмоодделенецот кобното утро на училиште дошол вооружен со пиштолите на татко му. При влегувањето во училишниот двор и кога заѕвонило ѕвончето за почеток на првиот час, тој најпрвин го застрелал училишниот чувар Драган и го убил. Потоа убил девет ученици во училишниот хол и кабинетот по историја, а ранил петмина меѓу кои и наставничката.

Инаку, таткото на момчето е во притвор поради сомнение дека сторил кривично дело против општата безбедност бидејќи, како што се сомнева, го обучувал својот малолетен син да пука на стрелиште и не го обезбедил соодветно сефот во кои ги чувал пиштолите, за кои има дозвола. Против мајката на момчето е поведена предистражна постапка за да се утврди дали можеби сторила кривично дело запуштање на малолетно лице.

Слични содржини