Родителите под притисок, Филипче смирува: Враќањето на работа и отворањето на градинките ќе оди во пакет

од Берта Китинска
415 прегледи

Додека дел од нашите соседи од следната недела најавуваат отворање на градинките и згрижување на децата кај нас тие се се уште под клуч.

Работодавачите пополека се подготуваат за враќање на работниците на работните места, а овој момент дополнително им создава притисок на родителите кои немаат каде да ги згрижат своите деца.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколу дена на една од своите прес-конференции најави дека се подготвуваат протоколи за градинките, фабриките, кафулињата кои треба да ги разгледа Комисијата за заразни болести да ги усвои.

Воедно тој во интервју за Телма најави дека враќањето на родителите на работа и отворањето на градинките ќе оди во пакет. ​​

– Продолжат да важат истите мерки, а тоа што бара усогласеност во олабавувањето, во смисла да се вратат постепено луѓето на работа, тоа е еден процес кој ќе биде со соодветни препораки од Комисијата за зарзни болести, ќе оди во пакет со отворањето на градинките, објасни Филипче.

Дополнителната заменик министер за труд и социјална политика Санела Шкријељ  во една од своите прес-конференции напомена дека дека за тоа кога ќе бидат повторно отворени градинките ќе почекаат да се произнесе Комисијата за заразни болести.

-По носењето на одлуката, секако дека приоритет ќе биде здравјето и на децата и на вработените, меѓутоа секако дека ќе се води сметка децата да бидат згрижени, изјави Шкријељ.

Од министерството за здравство напоменаа дека за спречување на ширење и превенција од коронавирусот ковид-19, еден од родителите на дете до 10 годишна возраст или активно четвртоодделение, е ослободен од работа. Вработените лица кои користат оправдано отсуство поради дете во градинка, потребно е да достават потврда издадена од детската градинка дека детето е запишано и редовно посетува градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка и лична писмена изјава.

Исто така, за мајките чие породилно отсуство истекува од денот на прогласување на вонредна состојба, се продолжи периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со продолжувањето на платеното породилно се опфатени и мајките кои поради затворањето на градинките, немале можност да го запишат детето во градинка.

Градинките заедно со училитата беа официјално затворени од 11 ти март.Секој работник до фирмата  треба да достави само потврда од градинката, под услов детето редовно да ја посетувало.

Србија на 11 мај ги отвора градинките

Во Србија отворени се парковите и шеталиштата, а дозволени се и тренинзи на отворен простор.Српскиот министер за образование, Младен Сарчевиќ, изјави за „Блиц“ дека градинките во Србија ќе бидат отворени на 11 мај.

„Мерките за ублажување се договараат со експертите и според нивните процени. Детските градинки ќе почнат со работа на 11 мај. Сепак, ова првично ќе биде наменето за родителите што се враќаат на своите работни места и не би требало да дојде до масовно враќање мали деца во градинките“, Рече Сарчевиќ додавајќи дека има околу 225.000 деца во предучилишните установи и оти очекува приближно 50 проценти од нив да се вратат во градинките.

Во Србија, каде што досега се потврдени 8.497 заразени со коронавирус, починаа 168 лица, а 1.260 оздравеле.

Слични содржини