РОК ДО ПОЛНОЌ: Израелските лидери на опозицијата се на прагот да формираат влада

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот опозициски лидер Жаир Лапид се договори со неколку партии, вклучувајќи ја и партијата предводена од министерот за одбрана Бени Ганц, за условите за формирање нова влада, изјави денеска неговиот портпарол.

Лапид има рок до полноќ да објави дека постигнал договор, објави „Ројтерс“.

Тој сè уште треба да постигне договор со неговиот главен партнер Нафтали Бенет, кој треба да биде првиот што ќе биде премиер во рамките на предложената ротација на двајцата политичари.

Тоа ќе значи крај на ерата на Бенјамин Нетанјаху.

Партијата на Лапид, Јеш Атид, и Сино и бело на Ганц, во заедничката изјава соопштија дека се согласиле за контурите на владата и основните прашања поврзани со зајакнувањето на демократијата и израелското општество.

Ганц ќе остане министер за одбрана во новата влада, изјавија партиите.

Договор беше постигнат и со левичарската партија Мерец и израелската Лабуристичка партија, како и со Израел Беитену, партијата на поранешниот министер за одбрана Авигдор Либерман, изјави портпаролот на Лапид.

Обединетата арапска листа исто така преговараше за влез во коалицијата.

Ако тоа се случи, тоа ќе биде првпат во историјата на Израел независна арапска партија да стане член на владата.

Доколку Лапид го пропушти крајниот рок за формирање коалиција, парламентот ќе има рок од три недели да се договори за нов кандидат.

Доколку и тоа не успее, Израел очекува нови избори, петти во последните две години.

Слични содржини