226
Припадници на сообраќајната полиција во Кладово при контрола на сообраќајот фатиле 51-годишен романски државјанин кој возел 5,18 промили на алкохол во организмот.
На возачот му било одредено да остане до 12 часот на трезнење, соопшти денеска полициското одделение Кладово.
Тој заради направениот прекршок на насилничко возење е приведен а судија за прекршоци му изрекол казна затвор во траење од три месеци, парична казна од 30.000 динари и деветмесечна забрана за управување со возило во Србија, се вели во соопштението.