Романсата со колешка го чинеше отказ во Мекдоналдс

од Aleksandar Petrovski

Извршниот директор на Мекдоналдс, Стив Истербурк добил отказ затоа што бил во врска со вработена.
Мекдоналдс соопшти дека иако врската била со согласност од двете страни, Истербрук ја „прекршил политиката на компанијата“ и покажал „лоша проценка“. Во мејлот кој го испратил до вработените британскиот бизнисмен признал дека врската со колешката била грешка.

„Со оглед на вредноста на компанијата се согласувам со управниот одбор дека е време да си одам“, навел Истербурк.

Истербурк (52) кој е разведен, почнал да работи во 1993 во Мекдоналдс како менаџер за подоцна да напредува. Од таму си заминува во 2011 и станува шеф во Пица експрес и тогашниот азиски ланец на ресторани Вагамама, но две години подоцна се враќа во старата фирма и на крај станува шеф на рестораните за брза храна во Обединетото Кралство и на северот на Европа. За извршен директор е именуван во 2015 година.

За време на неговиот мандат вредноста на акцијата на компанијата во САД се удвоила. Под негово водство Мекдоналдс ги подобрил опциите за достава и мобилно плаќање.

Според правилата на компанијата на менаџерите им е забранета романса со вработени од понизок ранг.
Компанијата е на мета на критики заради платите на својот персонал по рестораните, а Истербурк бил под надзор заради својата плата од 15,9 милиони долари во 2018 година. Била 2.124 пати поголема од просечната плата на вработен која изнесува 7.473 долари.

Него ќе го замени Крис Кемпчински, кој бил претседател на Мекдоналдс во САД.

Слични содржини