Високе е итсо колку единствениот романски NBA играч во историјата, а целта му е иста – да заигра во најсилната лига во кошарка во светот.

Роберт Боброчки е највисок европски играч во овој момент,а повисок од него е само Пол Стурџис (234), некоашен член на развојанта NBA лига, а денес ѕвезда на Ј+Харлем Глобтротерс.
Сепак, за разлика од Георгиј Мурешан, кој со 22 години отиде во САД, Боброчки се најде во Америка пред полнолетство.
Биб, како што го викаат соиграчите од Институтот ‘Spire’ во охајо е роден на 17 јули 2000 година во Арада, а со осум години веќе го привлече вниманието на себе.
А, како и не, кога ја нарасна мајка му Брунхилда (188), поранешна одбојкарка и ракометарка, додека со неполни 12 години бил исто висок како татко му Зигмонс (218), кој исто така професионално се занимава со кошарка.
Роберт го испитувале да не случајно има некое хормонално пореметување, но се покажало дека неговата висина е дело на генетиката.
Носи број на патик 57, а покрај мајчиниот ги зборуја и италијанскиот, англискиот, унгарскиот и српскиот јазик.
https://www.b92.net/sport/kosarka/nba.php?yyyy=2018&mm=04&dd=18&nav_id=1382703
Вели дека кога се шета по кампусот во Охајо го сопираат за автограм, но не се фотографира за да не биде трофеј на нечиј профил на социјалните мрежи.
Во јануари се пресели во академијата ‘Grand River’, но има проблем со моториката затоа што не моѓе да достигне потребен број килограми кои би ја следеле неговата висина.
Романците може да добијат нова NBA ѕвезда, но не е исклучено и да се покаже дека освен висината Роберт нема многу талент за кошарка.