Роналдо одлучил кога и каде ќе ја заврши својата кариера

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо веќе одлучил кога и каде ќе ја заврши својата играчка кариера. Планира да игра фудбал до крајот на Светското првенство во 2026 година, а веќе течат информации каде ќе ја заврши кариерата.

Според некои светски медиуми, неговиот сегашен тим Ал-Наср ќе се обиде да го убеди да остане во Саудиска Арабија, а се очекува и Португалецот да купи акции во клубот.

Иако се шпекулираше дека Португалецот ќе се врати во Спортинг Лисабон каде ќе ги закачи копачките, шансите за такво нешто стануваат се помали како одминува времето.

Слични содржини