Лос Анџелес Лејкерс не планираат да престанат со засилувања за претстојната сезона, а уште еден ветеран ќе игра во Стејпл центарот од октомври.
Тоа е Ражон Рондо, кој раскина со Мемфис. Четирикратниот Ол-стар ја освои својата прва титула во 2008 година како член на Бостон Селтикс, а втората во 2020 година во Лејкерс со Леброн Џејмс.
Тој минатата сезона беше член на ЛА Клиперс кој го трејдуваше во Мемфис, но Гризлис има млад тим со одличен плејмејкер и се согласија да го раскинат договорот.
Сега Рондо ќе биде резерва за Расел Вестбрук во Лејкерс, кој целосно ја смени плејмејкерската линија. Денис Шредер и Алекс Карузо заминаа, а пристигнаа Вестбрук, Рондо и Кендрик Нан.
Покрај тоа, тимот се засили со уште еден ветеран – Кармело Ентони, па Лејкерс следната година ќе имаат вистински супер тим.
Сепак, сите sвезди се во поодмината возраст, па ќе видиме како ќе ја поминат сезоната.