Русија: Горниот дом усвои закон против клевета на учесниците во операцијата во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Советот на Федерацијата – Горниот дом на рускиот парламент – денеска усвои закон со кој се криминализира клеветата против кој било учесник во специјална воена операција, вклучително и доброволците.

Истиот акт беше усвоен во Думата – Долниот дом на парламентот – во вторникот, па треба само да го потврди претседателот Владимир Путин за да стапи на сила.

Според законот, максималната казна за ова кривично дело е зголемена од пет на седум години затвор, пренесе ТАСС.

Слични содржини